„Македонија-Блокира“: Пред Собранието имаше повеќе луѓе отколку на НАТО-журките на СДСМ

„Македонија-Блокира“ го осудува, како што вели, „ лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа на синоќешниот сенароден македонски протест ги нарече маргинални групи ипоединци и остатоци од режимот”.

Во реакцијата испратена од Единствена Македонија се наведува дека „најстрашно е што од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза”.

„Ова само по себе е скандал од хунтата на власт, бидејќи на сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза.

Исто така, ‘Македонија-Блокира’ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба, иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ“, пишува во соопштението на Единствена Македонија.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе