СДСМ

Локвенец: На министрите на ВМРО-ДПМНЕ не им пречи уставното име кога треба да станат власт

Вчерашниот избор на преодна влада на дело го покажа сето лицемерие и лажен патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ.  Христијан Мицкоски и неговата партија вчера покажаа дека немаат проблем со уставното име кога треба да станат дел од извршната власт, но им пречи кога државата треба да оди напред, им пречи кога треба да се усвои Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО, изјави денеска пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.

„Кандидатите за министри во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем да се потпишат и да дадат изјава како министри на Република Северна Македонија, изјавувајќи дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија. Го признаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого велеа дека не го признаваат. Вчерашната седница е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за гола власт играјќи на лажен патриотизам и дволичност. Бадијала ВМРО-ДПМНЕ го дели народот и ги навредува своите сограѓани кои го користат уставното име. Освен ситно профитерство и политиканство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никакви вредности и ставови. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе загубат. Затоа СДСМ и граѓаните ќе победат и ќе потврдат дека сме на прав пат“, изјави Локвенец.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе