Лeвица: Затворската полиција во Крушево беше злоупотребена за обезбедување на врхушката на СДС

На Мечкин Камен целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС. Нашиот истакнат член на Централниот комитет, Игор Смилев, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, се вели во денешната реакција на Левица.

„Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат.

Наши членови побараа прво насилниците да покажат легитимација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што Смилев беше турнат на земја.

Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси.

Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата?

Дали вчера затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС?

Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат.

Јасно е дека секоја диктатура во нејзиниот залез се користи со најрепресивни методи и заплашувања, за очајнички да ги спаси своите последни денови на власт. Гневот на народот расте секојдневно кон хибридниот режим и блиску е денот кога сите овие извршители на погубните политики ќе бидат извадени пред лицето на правдата“, соопшти Левица.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе