Левица за 11 Октомври: Повторно се прави обид за историски ревизионизам и рехабилитирање на фашизмот на овие простори

Одбиваме да учествува во сувопарните и крајно лицемерни прослави организирани од страна на Владата на Заев, која систематски ги негира и уништува идеалите и стремежите на македонската државност, поставени токму во народно-ослободителната борба против фашизмот, се вели во денешното соопштение на Левица.

„11 Октомври не е само ден-симбол на борбата која македонскиот народ ја почнал за добивање на својата слобода. Тоа е и ден кога се поставени народните идеали, како темел на неговата државност, која е издвоена токму како резултат на победата во борбата против фашистичкиот окупатор Бугарија, отпочната на овој датум.

Со востанието од 1941 година, на 11 Октомври почнува борбата на македонскиот народ за својата самобитност и самостојност. Пожртвуваноста во оваа вооружена борба на нашиот народ, не само што спречила неговата територија да биде под контрола на квислиншката власт, која била лојална на фашистичките сили и апсолутен послушник во задоволувањето на нивните империјалистички интереси - туку, напротив, нашите првоборци и партизани, Македонија ја прават упориште на отпорот против окупаторите и нивните колаборационисти, и со тоа даваат свој придонес и печат во целокупната победата над фашизмот во Втората светска војна.

После извојуваната слобода, националната самоопределба, постигнатата социјална сигурност и просперитет во периодот на социјализмот, како и устоличувањето на државната традиција во негување и унапредување на националната култура, заедно со кодифицираниот македонски јазик, денеска, Македонија и нејзиниот народ ги имаат изгубено сите придобивки од борбата на своите блиски предци - народните херои на НОБ. Темелите на македонската држава се разнишани, а со тоа е загрозена иднината на Републиката, како и опстанокот на македонскиот народ. Покрај ова, денеска во Македонија, намерно вандалски се уништуваат сите остатоци и симболи од македонската борба и победата против фашистичките окупатори на неговата земја. Преку подла и насилно спроведена ревизија на историјата од страна на актуелната власт, со потиснување во заборав на државотворната АСНОМ-ска традиција и неговите вредности, повторно се прави обид за историски ревизионизам и рехабилитирање на фашизмот на овие простори.

Но, нашата генерација нема да дозволи да исчезнат стремежите на македонскиот народ за слободна, унитарна и самостојна држава - со брусање на симболите и сквернавење на спомениците од НОБ, со преиначување на историјата во учебниците или со потпишување на срамни и капитулантски меѓународни договори, кои никогаш нема да бидат прифатени од народот. Преку ваквите постапки на сегашната квислиншката власт и на домашните предавници во Македонија, само се надградуваат токму онакви услови какви што во 1941 година, на 11 октомври, македонскиот народ го принудиле да се дигне против окупаторите на неговата земја.

Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ), да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата - да се спротивстави на империјалистичките интереси и, во сојуз со сите од него угнетени народи низ светот, повторно да издвојува победа над окупаторите“, соопшти Левица.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе