Левица: Водата не е бизнис, гласај против приватизацијата на водата во Дојран

Левица безусловно и безрезервно застанува против намерното уништување и приватизирање на дејностите од јавната сфера за остварување на приватни интереси и криминална злоупотреба. Ние сме против каква било форма на јавно-приватно партнерство, кое само претставува еуфемизам под кој се крие очигледната намера за приватизација, се вели во соопштението на Левица.

„Изминатите децении, а особено последните години, јавно-приватното партнерство е омилена форма на криминалните власти за уште поголемо осиромашување на народот – преку отуѓување на народните добра и одливање на државни пари во приватни џебови.

Огромен дел од селата околу Дојран немаат функционална канализација и водовод и само пред неколку месеци голем дел од жителите на Дојран беа оставени цели 8 дена без вода за пиење. Огромниот долг на јавното комунално претпријатие не е вина на дојранчани, туку е очигледна последица на системот на функционирање на картелот СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ, кои со децении ги користат јавните услуги само за партиски вработувања и коруптивни зделки. Не треба приватизација, туку одговорност за сторените криминали. Најавените инвестиции од 8,1 милиони евра очигледно завршија во корумпираните структури на власта, а долгот на јавното претпријатие десеткратно ќе биде наплатен од веќе празните џебови на обичните граѓани.

Затоа, во пресрет на најавениот референдум Левица ги повикува жителите на општина Дојран в недела, на 2 февруари масовно да излезат на референдумот и да гласаат ПРОТИВ плановите на општинската власт за постепено приватизирање на водените ресурси. Водата за пиење во Дојран не е приватна сопственост, ниту нечиј бизнис за остварување на профит. Таа е јавно добро и му припаѓа на народот и мора да остане во сопственост на народот. Се друго е скратување на основното човеково право – правото на чиста вода. Излези и гласај против“, повикува Левица.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе