Левица во Собранието поднесе предлог-резолуција за правните и моралните апекти на ковид-вакцинацијата

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на парламентот, поднесоа предлог-резолуција за правните и моралните аспекти на ковид-вакцинацијата, заснована на неколку правни акти донесени во Советот на Европа. Резолуцијата, која е поделена на вкупно шест точки, констатира дека постојат низа проблеми на терен во врска со вакциналната имунизација на населението, предизвикана од несоодветната стратегија за комуникација со јавноста на надлежното Министерство за здравство, како и од противречните и контрапродуктивни мерки кои, од ден на ден, стануваат сè порестриктивни, порепресивни, непропорционални и дискриминирачки за македонските граѓани, се вели во денешното соопштение на Левица.

„Во резолуцијата, меѓудругото, се укажува дека вакцинацијата против коронавирусот не е и не смее да биде задолжителна за кој било кој сегмент од населението; граѓаните мора да бидат информирани дека никој не смее да им врши политички, правен, социјален, економски или друг вид притисок да се вакцинираат, доколку некој не сака да го стори тоа на доброволна основа и по слободна волја; користењето т.н. зелени (ковид) пасоши, односно „сертификати за вакцинација“ ќе се користат само за нивната првично назначена цел од страна на Светската здравствена оргнизација, т.е. за обезбедување надзор над долгорочните ефекти на вакцините и нивната безбедност по здравјето на луѓето, за следење на ефикасноста на вакцината врз имунолошкиот систем на пациентите, како и за мониторирање на потенцијалните нус-појави и несакани ефекти од вакцината.

Очекуваме законодавниот дом да ја донесе оваа резолуција упатена до извршната власт пред почетокот на изборната кампања за претстојните локални избори, а интегралниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе