Левица: Власта и опозицијата сложно против намалување на патните трошоци на пратениците

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште во април од Левица, пратениците одбија да го стават на дневен ред. Измените, предложени од нашите пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предвидуваат намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието, се вели во соопштението на Левица чии пратеници предложија промена во членот 31, каде наместо досегашните 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок до максимум 5%, со што надоместокот практично се сведува на вредност од автобуски билет.

„На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА. Намалувањето на патните трошоци се тема сензитивна за јавноста, а граѓаните уште од поодамна го имаат ова барање. Патем, ова прашање е ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса, никој досега од нив не се заложил за ова, особено не владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Засега ние сме единствена политичка партија која се залага за ова барање и има поднесено предлог измени за истото. Дополнително, пратениците од Левица се обидоа оваа идеја да ја застапат преку личен пример и се единствените пратеници во Собранието кои се откажаа од патните трошоци“, соопшти Левица.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе