Левица: Власта ги толерира криминалите на ДУИ на струшкото крајбрежје

Локални активисти од Струга повторно апелираат за узурпирање и уништување на струшкото крајбрежје, за кое државните инспектори наводно не откриле никакви нелегални градби. Со оглед на тоа што градежниот инспектор на општина Струга, при постапувањето по наше барање, констатира бесправно градење на бетонски парапет и издаде решение за негово отстранување, евидентно е дека власта и институциите на централно ниво ги штитат криминалот и бизнис-интересите на локални моќници и противзаконски не преземаат никакви мерки за нивно санкционирање, се вели во соопштението на Левица.

„Додека Владата води агресивна кампања во меѓународната заедница за развојот и просперитетот на државава, на терен се палат резервати и национални паркови, неповратно се девастира светско културно наследство, шумската мафија остварува милионски профити, додека сите институции молчат и го толерираат самоволието на поединци блиски до власта. Премиерот Заев, кој лично го поддржа градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко, има должност да ѝ објасни на јавноста за пустошот и уништувањето на Охридското Езеро и за непостапувањето на институциите против криминалите на ДУИ“.

Левица најавува дека ќе поднесе барања за итен инспекциски надзор за спорните парцели до Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Управата за културно наследство и истовремено ја повикува Антикорупциската комисија да отвори случај, по примерот со дивоградбите на Матка. Се бориме за еднакво општество за сите, а не само за привилегираните поединци на владејачкиот естаблишмент и капиталот, соопшти Левица.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе