Левица: Ветените субвенции не се исплатени, затоа има млечна криза

„Млечната криза, која се рефлектира со екстремно високи цени на млекото и млечните производи во малопродажба, но и со нивен недостаток на рафтовите, е директна одговорност на пробугарската влада на СДС - ДУИ и министерот за земјоделство Љупчо Николовски“', смета Левица и нагласува дека ветените субвенции до ден денес не се исплатени.

„Министерот Николовски уште во јуни изјави дека со ребалансот на буџетот ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции, за млекарите навреме да си обезбедат сточна храна. Субвенциите до денес сѐ уште не се исплатени.

Две години фармерите преживуваат без субвенции, со зголемени инпути на производството, додека млекарниците им го откупуваат по нерентабилна цена од 23 денари за литро свежо млеко.

Левица дава целосна поддршка на фармерите во нивните барања, и посочуваме дека единствен виновник за намалувањето на сточниот фонд во државата и кризата со млеко е владата на СДС - ДУИ“, пишува во соопштението.

Од Левица додаваат дека наместо власта да се занимаваат со решавање на проблеми кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, „одбраа да слугуваат на странските интереси и да ги спроведуваат нивните агенди“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе