„Услугата, како предмет на договор, по својата природа е повеќе од скандалозна, а со потпишувањето на овој договор Богоев ги потценува способностите на администрацијата на општината во однос на можноста самата да ја оценува реализацијата на програмските активности.
Не само што ваква услуга не е потребна, туку истата е на директна штета на жителите на општината. Ова неодговорно трошење народни пари отвора и неколку сомневања: Дали Богоев со овие пари си ја плаќа анкетата за претстојните локални избори? Дали е точно дека Богоев со Спасов се познаваат приватно и овој договор произлегува од нивната заедничка соработка во НВО секторот? Дали Богоев со овој договор ја потврдува неспособноста на својата партиска администрација? Зошто Богоев се задолжува за капитални проекти, а основниот буџет го троши на пропаганда?“, соопшти Левица.