Левица: Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови е предизборна манипулација

Наводната грижа на Владата за животната средина се гледа во успешното штитење на најголемите индустриски загадувачи на воздухот, како и на рудниците на смртта на Еуромакс. Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови е уште една предизборна манипулација, а тоа се гледа од студиите за валоризација кои се основа за добивањето на статус за национален парк, велат од Левица.

„Според планот за Шар Планина како национален парк, се предвидува само 32,2% од територијата да биде зона на строга заштита. Тоа е оној дел од планината кој и во моментов не е под закана. Притоа, во оваа зона не влегува Попова Шапка што значи дека ќе продолжи градежната офанзива која во моментов се одвива. Дополнително, со ова се отвора можноста за комплетирање на продажбата на овој ски-центар“, пишува во партиското соопштение.

Според планот, како што додаваат од Левица, дивата сеча на Шар Планина и натаму ќе продолжи, бидејќи делот каде во моментов се одвива дивата сеча е надвор од заштитеното подрачје.

„Секако, министерот Нуредини и Владата ќе ги наградат сите оние што имаат дозвола за концесија на оваа планина. Така експлоатацијата на природните богатства ќе продолжи и по прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните“, велат од партијата.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе