Левица: Правда не може да се испорача од елитистички преговори и меѓупартиски пазар

Скандалот со одамна делегитимираната институција СЈО е јасен показател дека правдата не може да биде испорачана од елитистички преговори и меѓупартиски пазар на затворени средби, пишува Левица во денешното соопштение.

Според партијата, СЈО, кое беше резултат на фамозните „Пржински договори“, по селективното објавување на „бомби“ од СДСМ, стана уште еден инструмент за инсталирање власт која ќе ја внесе Република Македонија во НАТО-пактот по секоја цена.

„Со потрошени над четири милиони евра на скапи пресови и без никакви ефективни судски пресуди или конфискација на криминално стекнатиот имот, врвот на оваа компромитирана и политички штетна институција е нејзината поврзаност со рекетарство врз криминалците кои истата требаше да ги гони. Одговорноста за изневерената доверба и амортизирањето на гневот на народот секако дека не може изолирано да се лоцира само во СЈО, туку во целата актуелна владејачка гарнитура и меѓународниот фактор кои довербата од граѓаните ја злоупотребија за уценување на компромитирани политичари и политички пазарења, кои финализираа со погазувањето на референдумските резултати и насилно кршење на уставниот поредок на Република Македонија, со една единствена цел: исполнување на геостратешките интереси на НАТО-пактот“, се вели во соопштението.

Левица смета дека е неразумно да се очекува материјали за крупен криминал, односно „бомбите“, да бидат во привилегиран посед на компромитиран бизнисмен со сомнително стекнат имот и истиот да ја испорача правдата против оние слични на него. „Последното фијаско со рекетарските уцени во кое е инволвирана и власта на СДСМ е доказ дека оваа влада ниту има политичка волја, ниту е способна да испорача какви било ветувања заради кои дојде на власт и која сѐ уште е на власт единствено заради поддршката на странскиот фактор. Потребно е целосно поништување на сите анти-државни политики кои ги донесе криминалното дуо на власт и фиктивната опозиција, ревидирање на надворешните стремежи на Република Македонија и конечно градење политики каде императив ќе бидат интересите на обичните граѓани, а не интересите на домашните и странските моќници скриени под превезот за „евроатлантски” интеграции“, се наведува во соопштението од Левица.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе