Левица: Помина една година од нелегитимниот Преспански договор наметнат од НАТО-пактот

Измина една година од потпишувањето на таканаречениот Преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. После една измината година од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградирана животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени од новата коалиција на власт, се вели во денешното соопштение на Левица.

„Овој договор е олицетворение на шовинизмот, заканите и уцените на посилна држава поддржана од НАТО-силите, за што сведочи и денешната вежба на стратешката точка Криволак, каде за прв пат парадира и маршира војска на туѓа држава. Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување. Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити поддржани од империјалистички пакт кој го репродуцира национал-шовинизмот.

Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен. Ниту една нација не може да биде слободна сѐ додека опресира други нации“, се вели во соопштението на Левица.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе