Левица поднесе претставка за непостапување на трудови инспектори по судовите

Државниот инспекторат за труд незаконски одби да изврши надзор во неколку основни и апелациски судови за кои Левица поднесе иницијативи за вонреден инспекциски надзор поради сомневање за незаконитости при спроведување на постапки за унапредување.

„Освен до Државниот инспекторат за труд, беше поднесена иницијатива и до Државниот управен инспекторат – во чиј одговор беше наведено дека единствен надлежен орган е токму Државниот инспекторат за труд.

Бидејќи член 71 од Законот за инспекциски надзор јасно предвидува дека секое физичко или правно лице може да поднесе барање за инспекциски надзор, Левица поднесе претставка до Инспекцискиот совет заради непостапување на Државниот инспекторат за труд.

Избегнувањето да се изврши надзор само дополнително ги зацврстува сомневањата за нерегуларности и партизираност во судството, кое очигледно е дека само продолжена рака на режимот за амнестирање на криминалите на секоја гарнитура на власт“, изјави Бобан Кочовски, член на Централниот комитет на Левица.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе