Левица поднесе кривична пријава против Нина Ангеловска за несовесно работење во службата

Денес Левица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска. Причината за пријавата е тоа што Ангеловска, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од  Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.

Јована Мојсоска, член на президиумот на Левица денес пред ОЈО изјави дека Нина Ангеловска со ваквото умислено и противправно однесување го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело несовесно работење во службата.“
 
За ова кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба.
 
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против поранешната министерка и констатира етичка и професионална одговорност кај пријавената. Ова е јасна оценка за нарушениот кредибилитет и интегритетот на Ангеловска,  како носител на јавна функција и поради тоа сметаме дека треба да се повлече од извршување на сите јавни функции. 
„Потенцираме дека самата постапката е фарсична, каде се констатира само ЕТИЧКА, а не и ПРАВНА одговорност и поради тоа нашите пратеници во координација со спикерот ќе ја повикаат претседателката Билјана Ивановска на првите пратенички прашања, кои ќе се одржат на крајот на месецов. Левица ја разгледува можноста да ја прошири кривичната пријава и против други поранешни или актуелни службени лица“, изјави Мојсоска.
 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе