Реакција

Левица: Освен тужбата од генсекот Рашковски, ја очекуваме и неговата оставка

После новообјавената бомба на медиумот Економски лидер, се потврди дека генералниот секретар на Владата не смеел да преговара со компанијата Леонардо околу јавната набавка за М-НАВ, затоа што тендерот сѐ уште не бил комплетиран, но и покрај тој факт Рашковски инсистирал спорниот состанок да се одржи. Во објавената аудио-снимка генсекот јасно констатира дека прават работи кои се предмет на истрага, се вели во соопштението на Левица.

„Иако Рашковски на одржаната прес-конференција изјави дека немал надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, наводно тоа го правел затоа што бил задолжен од Владата. Како доказ дека тоа му било наложено, на новинарите им беше доставен документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на Владата на кој му се дава таков налог.

Доколку за владата на СДСМ која наводно се залага за „општество за сите” не беа доволни скандалозните расистички навреди за генералниот секретар да поднесе оставка, после ваквото очигледно кршење на законските прописи од вториот човек во Владата, единствено што е прифатливо за јавноста е поднесување оставка и отворање кривична постапка од страна на Јавното обвинителство. Наместо да се заканува со кривични пријави и тужби за клевети до поединци и медиуми, крајно време е генералниот секретар да го прочита Законот за Влада и да поднесе оставка“, се вели во соопштението на Левица.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе