Левица: Манипулации со висината на просечната плата, во просекот не треба да влегуваат платите на менаџерите

Во последно време доста експлоатирана тема е просечната плата на ниво на држава и се лицитираат бројки како од власта, така и од ВМРО-ДПМНЕ. Едните итаат кон 500 евра, како предизборно ветување, а другите пак ветуваат 750 евра ако добиеле власт. Доколку се знае дека во актуелната методологија за пресметка на просечна плата, која за нас е небулозна, влегуваат сите плати поделени во државата, од менаџери на приватни компании, до административци, тогаш се добива ваков висок просек, што за примања на еден  работник е мислена именка, се вели во соопштението на Левица.

„Треба да се знае дека во Македонија, поради ослободувањето од придонеси на плата над 300.000 денари, менаџерите си делат енормно високи плати на кои плаќаат само 10% персонален данок на средствата кои се над максималната основица за придонеси. Еден таков пример е платата на менаџер во приватно здравство која ја објави УЈП и таа е во висина од 255 илјади евра месечно.

Манипулацијата која им се прави на граѓаните е што и оваа плата, како и стотици такви, влегува во просекот. Исто така, секое покачување на платата на партиската војска во администрацијата го зголемува просекот. Во контекст „исполнување" на ветувањето влегуваат и десетици илјади луѓе кои останаа без работа за време кизата.

За да се спречи ваквата манипулација, а се со цел за политички маркетинг, треба под итно да се смени методологијата на пресметка, односно да се одделат просеците по индустриски гранки во кои нема да влегуваат менаџерски плати и дополнително да се пресметува средна плата на национално ниво. Тогаш би имале реална слика на платите во Македонија и ќе знаеме која гранка бележи напредок, а која стагнација.

Исто така, треба да се тргне горниот плафон за плаќање придонеси по основ на плата со што ќе се спречи „перењето на пари" на газдите и менаџерите, а во исто време ќе се зголемат приходите во ПИОМ и ќе се зголеми основицата за данок на профит.

Нас не нѐ  чуди што владата на СДСМ го прифати овој начин на пресметка, наследен од владата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и двете партии се партии под силна контрола на олигарсите и нивнот капитал.

Левица од позиција на власт, ќе воспостави ред во оваа област, како и ќе ја примени методологијата за просечна плата по индустриски гранки, администрација и плати на менаџери. Собирање на „баби и жаби" само за политички маркетинг, а на штета на правилната статистика, ќе биде минато во Република Македонија“, се вели во соопштението на партијата.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе