Левица: Ќе поднесеме кривична пријава против Оливер Спасовски за злоупотреба на службената положба за личните карти

Коалициските апетити на власта повторно избиваат на штета на обичните граѓани, што е воочливо од заглавениот процес за издавање лични карти речиси два месеца. Поради експлицитната неспособност на СДСМ и незјините криминални договори за тендерски провизии, населението подолг период се соочува со недостаток на свидетелства, пасоши, регистарски таблици и лични карти – што ги доведе граѓаните во ситуации да бидат враќани од граница и од институции поради комплетната нефункционалност на системот, соопшти Левица.

„Премиерот Заев и неговиот ресорен министер Спасовски, во нивните манири на крими вообразеност и неказнивост, свесно и намерно извршиле кривично дело преку предвремена промена на софтверот за издавање лични карти со неуставното име на државата, без усвоен закон. Дополнително, за да го оствари коалицискиот договор со Беса, чии пратеници – спротивно на волјата на народот – гласаа за промена на уставното име под услов вметнување етничка припадност во личните карти, премиерот сега манипулира и се обидува, на штета на сите граѓани, насилнички да вметне примитивни етно-трибалистички категории кои се без преседан и непостоечки во сите европски држави, а кои се изрично забранети во ЕУ.

Спречените екстремно штетни законски измени, со амандмани од пратениците на Левица, воопшто не се однесуваат на постапката за издавање на личните карти, бидејќи личните карти ги издава Министерството за внатрешни работи, согласно член 3 од постоечкиот Закон за личната карта, кој и натаму е во потполна правна сила. Спречените измени на овој закон воопшто не задираат во овие два члена и во останатите одредби од законот кои се однесуваат на постапката околу издавањето на личните карти. Следствено на тоа, произлегува дека МВР со ништо не е оневозможено да ги издава личните карти, исто како и досега.

Законските норми се јасни и истите предвидуваат дека додека не се донесе новиот закон, во сила е постоечкиот и актуелно важечки Закон за лични карти, по кој институциите се должни да постапуваат, без оглед на коалициските договори на владејачката клика. Бидејќи со незаконската измена на софтверот за издавање лични карти, без закон кој формално стапил во сила, извршено е флагрантно кривично дело кое се гони по службена должност, правниот тим на Левица во наредните денови ќе поднесе и соодветна кривична пријава против министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски за злоупотреба на својата службена положба, кој уште еднаш демонстрира дека неказнивоста, неспособноста и корупцијата вирее токму во највисоките ешалони на власта“, соопшти Левица.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе