Левица ќе поднесе декларација против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот промовиран од власта

Преку нелегитимно и нелегално прифаќање на штетни и антимакедонски билатерални договори, учествување во империјалистички воени сојузи и особено преку рехабилитација на истакнати фашистички колаборационисти од минатото, промоцијата на фашистичка идеологија во Македонија секој ден е се поприсутна. Уште од времето на Втората светска војна, како никогаш досега, владата на ДУИ и СДСМ официјално промовира глорификација и рехабилитација на профашистички соработници кои ги негираат македонскиот народ, јазик и држава, се вели во денешното соопштение на Левица.

„Отворањето на клубот ‘Ванчо Михајлов’ во Битола, на кој ќе присуствуваат високи делегации од Македонија и Бугарија, јасно ја покажува стратешката тенденција и политичката определба на оваа антинародна власт. Имено, владиното кумувањето на ‘културен центар’, кој ќе го носи името на еден од најкрвничките врховисти, не е ништо друго, освен директна негација на Национално-ослободителната борба на македонскиот народ и нејзините придобивки, преку кои се афирмираше неговата држава, како дел од победничката антифашистичка коалиција.

Со директното учество и поттикнување на историскиот ревизионизам насочен кон демакедонизација, како и имплементацијата на антимакедонски политики преку целиот мандат на власт, особено со поткопувањето на АСНОМ-ските темели на државата, СДСМ се претвори во профашистичка политичка групација, која сама по себе е навреда за македонското национално достоинство, а пак кога оваа партија е на власт, таа станува сериозна закана и за самиот македонски народ.

Денеска, Владата на Македонија предводена од СДСМ, со учество на свеченото отворањето на културен центар, кој, среде македонскиот град Битола, ќе го носи името на анти-херојот од Втората светска војна, фашистот Ванчо Михајлов, уште еднаш покажува дека, како последица од преговорите со Бугарија, со нов капитулантски билатерален договор, има намера да ги прифати и спроведе сите антимакедонски, негаторски, експанзионистички и шовинистички барања и политики на Софија.

Ваквиот владин чин на провокација и понижување на македонскиот народ заслужува осуда од сите релевантни групи и поединци од јавниот домен на општественото живеење во Македонија.

Истакнуваќи дека денеска неофашизмот во нашата држава е современ феномен, кој се етаблира со силни негаторски, понижувачки и крајно антимакедонски елементи, најавуваме дека во Собранието на Република Македонија, ќе поднесеме декларација за осуда и борба против било каква форма на глорификација, рехабилитација и промоција на фашизмот, во која особено внимание ќе биде ставено на борбата против историскиот ревизионизам и рехабилитацијата на неговите соработници, било тоа да се соработници со бугарската фашистичка власт или пак од профашистичкото движење на Балистите“, соопшти Левица.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе