Левица: Кичево окупирано со албански знамиња, надлежните органи мора да реагираат

Како во најцрните денови од фашистичката окупација 1941-1944 така и утрово кичевчани се разбудија под знаме од туѓа држава и сто тоа е организирано од локалната власт, предводена од ДУИ и помалиот коалициски партнер СДС. Воочливо е фларгантно кршење на Законот за употреба на знамиња на помалите етнички заедници, соопшти денеска Левица.

„Според последниот нелегитимен попис организиран и прифатен од ДУИ и помалиот коалициски партнер СДС во Кичево не постои помала етничка заедница со повеќе од 50% резидентно население. Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.

Ги повикуваме надлежните органи на брза реакција со цел спречување на обид за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост“, соопшти Левица.

Според последниот Попис 2021, во Кичево има 39.669 население, од кои 40,4% се Македонци, 41,3% се Албанци, 6,4% Турци, 5 % Роми...

 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе