Реакција

Левица го поддржува утрешниот протест против рудниците

Левица утре ќе се приклучи на најавената блокада по повикот на граѓанското здружение „Здрава котлина“. На предупредувачката и прва блокада ќе присуствуваат членови од локалниот огранок во Струмица и членови од останатите градови. Ги повикуваме сите граѓани преку директно вклучување во блокадата да покажат солидарност со своите сограѓани. Ова што се случува нѐ засега сите. Најавениот рудник Иловица-Штука претставува закана за егзистенцијата на населението и животната средина во овој регион, се вели во соопштението на Левица.

„Во ситуација на молк од страна на сите релевантни институции, при газењето на основните човекови права и потреби како чист воздух, здрава храна и здрава животна средина од страна на крупниот капитал, народот е оставен сам да се брани.

Години континуиран отпор, преку сите можни институционални начини, од страна на граѓаните не донесоа никаков резултат. Уставниот суд со сите контроверзни пресуди досега застана на страната на инвеститорите, односно донесе одлука со која во општина Карпош градежните инвеститори не беа спречени понатаму да градат, донесе одлука за општина Аеродром каде правото на приватна сопственост беше поставено над правото за здрав живот, за денес да донесе скандалозна одлука со која Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните изјаснати на референдум против рудниците на смртта и ги заштити бизнис интересите на странска корпорација. Минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги издаде дозволите за најавените рудници со кои ќе се изврши геноцид врз огромен дел од територијата на државата, додека актуелната власт и после две години одбива да ги поништи овие катастрофални проекти.

Не е изолиран случај луѓе да се протерани од своето место на живеење заради градежна или индустриска експанзија. Ова не е првпат профитот да биде ставен над човечкиот живот. Ова нѐ засега сите нас“, соопшти Левица.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе