Левица: Еколошката такса за задолжување на народот наместо бизнис – загадувачите

Најавата на премиерот Заев за еколошката такса, под изговор за намалување на употребата од нафта и нафтени деривати и трансферирање кон зелени горива, претставува очаен и лицемерен обид за полнење на буџетската каса на грбот на народот, соопшти Левица.

„Македонија се наоѓа во економска криза со илјадници изгубени работни места и драстичен пораст на цените на основните производи, поради што оваа мерка само ќе го ескалира проблемот. Пред сѐ, овие 3,5 денари нема да се на товар на компаниите кои се во бизнисот со продажба на нафта и остваруваат милионски профити, туку поскапувањето повторно ќе го плаќа обичниот граѓанин. Ваквата мерка ќе има директни последици по малопродажните цени, со тоа што ниту транспортната дејност, ниту пак земјоделството користат велосипеди, тротинети или електрични возила, а ова се дејности од кои зависат месечните трошоци на секое семејство. На овој начин, премиерот го задолжува народот, наместо бизнис – загадувачите кои континуирано ја загадуваат и уништуваат животната средина.

Дополнително, крајно лицемерно е ова полнење на буџетот да се претставува како стремеж за поздрава околина во момент кога Македонија ја тресе скандалот со увоз на опасен мазут, кај што се јавува како корисник и поранешниот вицепремиер за економија, Кочо Анѓушев. Имено, Владата активно учествува во обид за заташкување на случајот преку казни кои не се ни приближно до остварениот профи и кои уште помалку ја компензираат причинетата штета по здравјето на граѓаните и животната околина.

Проекциите на СДСМ дека на овој начин, во Буџетот на годишно ниво ќе се обезбедат меѓу 50 и 55 милиони евра, претставува јасен пример за немањето економска стратегија и визија, со оглед на огромниот одлив на средства за непродуктивни трошоци и намерното избегнување да се таргетираат вистинските виновници.

Ако целта е финансиски да се дестимулираат ваквите нееколошки практики, потребно е воведување на еколошки данок на загадување за приватни деловни субјекти пропорционален со нивото на загадувањето, при што средствата од данокот ќе се алоцираат во т.н. зелен фонд, чии средства ќе се користат за изградба на државни капацитети на обновливи извори на енергија“, соопшти Левица.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе