Предвремени парламентарни избори

Левица: Државата директно го помага осиромашувањето на народот

Според најновните податоци на Евростат, официјалната агенција за статистика на ЕУ, куповната моќ на Македонците е на европското дно, односно е за 57% под просекот на ЕУ. Овие податоци не се никакво изненадување. Тие повторно илустрираат дека државата е окупирана од страна на крупниот криминален капитал, чија единствена цел е обогатување на малкумина на сметка на народот. Како резултат на катастрофалните економски политики од последните 30 години, Македонија денес е и земја со највисока класна раслоеност во Европа, со највисок Џини индекс за нееднаквост од скоро 40%, се вели во соопштението на Левица.

„Фрапантни се и податоците на Управата за јавни приходи. Во 2018 година највисок приход пријавила скопјанка од здравствениот сектор која имала годишен бруто-приход од 17,2 милиони евра, или 1,43 милиони евра месечен приход. За споредба, просечната плата на текстилните работнички во најдобар случај изнесува максимум 150 евра. Тоа значи дека најбогатиот поединец заработува скоро 10.000 пати повисока месечна плата од просечната текстилна работничка. Покрај ниски плати, ужасни услови и мобинг, работничките по фабриките, супермаркетите и другите работни места, се соочуваат и со зголемени ризици на работното место, за што показател е растечкиот број на заболени работнички позитивни на коронавирусот.

Државата, која е во рацете и во служба на криминалниот капитал, не само што не нуди никакви системски решенија за решавање на ваквата енормна нееднаквост. Напротив, таа директно го помага осиромашувањето на народот. Видовме како и во ситуација на криза, главните државни мерки за економска помош се најдоа во џебот на најголемите богаташи. Додека Кочо Анѓушев доби 100 илјади евра државна помош, за осиромашените и невработените останаа само трошки од еднократна помош од 50-100 евра, за која прашање е и дали ќе ја добијат. Крајно лицемерно е што во вакви услови, министерката за финансии повикува народот да донира во државата која е заробена во канџите на бизнис-елитите. Јасно е дека ова претставува уште еден трик за одвлекување на одговорноста од државата и уште еден перфиден обид за крадење од народот.

Државата, владеана од криминалци машносани во скапи костуми, никогаш нема да биде во корист на обичниот народ. Потребна е држава која ќе биде ослободена од ваквите бизнис-интереси за да донесе и спроведе мерки кои се во корист на работниците и на обесправените. Во таа насока, Левица во својата програма предвидува економско-социјални мерки кои ќе ја преструктуираат сопственоста од малкутемина богати – во корист на повеќето сиромашни и обесправени. Дел од нашите мерки и политики се: проширување на листата производи и услуги со повластена стапка на ДДВ, воведување на вистински и ефективен прогресивен данок кој ќе дозволи ефективно финансирање на јавните услуги и сериозно ограничување на лихварскиот пристап на банките.

Од друга страна, предвидуваме сериозни намалувања на привилегиите и сите трошоци поврзани со јавните функционерии. Укинување на данокот на имот и воведување на единствен прогресивен данок на богатство, или т.н. данок на луксуз, кој ќе се плаќа на вкупното нето-богатство кое домаќинствата го поседуваат. Ќе воведеме и социјална позитивна дискриминација при вработување во јавниот сектор каде предност на огласите ќе имаат децата без родители, децата од социјално загрозени семејства, децата на стечајците и сиромашните“, соопшти Левица.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе