Левица: ДКСК молчи за вработувањата во М-НАВ на „антикорупционерот" Љупчо Николовски

Иако уште пред две години актуелниот вицепремиер за борба против корупција - Љупчо Николовски призна дека лице со кое е во роднинска врска е вработено во М-НАВ, Државната комисија за спречување на корупцијата сѐ уште нема отворено предмет за овој случај. Деновиве повторно се актуелизираа овие сомнителни вработувања, откако во јавноста беа споделени информации дека покрај чичкото на Николовски, во оваа државна компанија вработен е и неговиот братучед, соопшти Левица.

„Оваа компанија е претворена во партиско биро за вработување на роднини на високи функционери во последниве неколку години, додека секоја нова влада си назначува свои послушници и блиски лица за плати над петкратно поголеми од просечната. Така, во јавноста беа спомнувани и роднини на пратеници и директори вработени во оваа компанија, како и роднини на поранешниот министер Горан Сугарески, додека за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет за сестра на министерката Рената Дескоска. 

Иако и од самиот синдикат претходно апелираа дека за систематизацијата на работни мести воопшто не се консултирани и вработувањата се вршат по нарачка, Антикорупциската комисија предводена од Билјана Ивановска две години нема отворено ниту еден случај за спорните вработувања и сомнежи за непотизам во оваа компанија - задолжена за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

Децениското недомаќинско работење со државните компании, цедењето државни пари, како и поставувањето нестручни кадри по пат на непотизам придонесоа за катастрофален квалитет и реализација на јавните услуги поради што сведочиме најави за приватизација на голем дел од државните претпријатија кои беа вештачки донесени во долгови и неликвидност од корумпираните власти.

Непостапувањето и инертноста на Антикорупциска комисија во повеќе наврати, како и чувањето на предмети во фиоки, експлицитно покажува дека во Македонија не постојат никакви контролни механизми над режимот на Заев и сите институции се окупирани од самоволието и криминалните политики на владејачкиот естаблишмент. Доколку оваа комисија продолжи да биде соучесник во скандалозното работење на ваквата криминогена структура, Левица не ја исклучува можноста претседателката Билјана Ивановска да биде повикана своето (не)работење да го елаборира во Собранието на Република Македонија пред народните избраници“, соопшти Левица.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе