„Очигледно е дека СДСМ и ДУИ ќе се борат до крај во намерата да ги дораспродадат националните интереси, без разлика на тоа кој партиципира во владиниот состав на делегитимираната Влада. По шовинистичката изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков дека „за македонско малцинство во Бугарија дури не може ни да се зборува“, сведоци сме на апсолутно сервилно однесување и молк од сите државни институции кои имаат ингеренции во надворешната политика“, се наведува во партиското соопштение.
„Македонското МНР и неговата дипломатска служба, како државна институција чија основна надлежност се прашањата и проблемите со соседните држави, ова национално негирање и омаловажување го премолчеа. Од претседателот Стево Пендаровски, кој пред само неколку дена потврди средба со претставниците на Македонците од Бугарија (ОМО Илинден Пирин, партија која е забранета) и „де факто“ има заштитничка улога кон својот народ, засега нема никаква реакција.
Изнесениот став на министерот Бојан Маричиќ за прашањето на македонското малцинство во Бугарија е скандалозен.
Претседателот на републиката да побара извинување од својот бугарски колега за негирањето на македонската етничка заедница во Бугарија;
Итен прекин на преговорите со Бугарија, заради немање на легитимитет, интегритет и капацитет за водење на преговори од страна на македонската Влада.