Левица бара државата целосно да го преземе тестирањето за ковид од приватните клиники

Претходниот владин состав покажа исклучителна неумешност во справувањето со здравствената, односно ковид-кризата. Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно, соопшти денеска Левица.

„Веќе подолго време е евидентно дека лошото управување со здравствената криза го собира својот арач. Негативните последици од ковид-пандемијата веќе се чувствуваат во секоја општествена пора. Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис - елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава“, се вели во соопштението во кое партијата додава дека очајната борба за партиципирање во власта е сведена на безидејни партиско - кадровски решенија, кои немаат капацитет да направат каква било промена.

Откако го изнесува податокот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 Ковид тестови граѓаните ги платиле приватно, Левица забележува дека еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Според партијата, дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално.

„По примерот на бројни земји, Левица бара државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники, барем во време на пандемијата. Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, што ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните“, додаваат од Левица.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе