Левица бара да продолжи уривањето на дивоградбите на охридското крајбрежје и нов конкурс за уредување на плажите

Властите на централно и на локално ниво во изминатиов период, не постапуваа согласно донесените закони, така што се направени несогледливи негативни последици на природното и културното наследство на Охридскиот регион, оценува Левица.

Од партијата, преку соопштение до јавноста, упатуваат неколку барања по изјавата на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за уредување на плажите и нивно издавање под закуп.

Барањата на Левица ги пренесуваме во целост:

1. Бараме да се продолжи со рушење на дивоградбите на охридското крајбрежје и во Езерото во согласност со Планот за управување со Охридското Езеро, со Законот за води, Законот за животна средина, Студијата за валоризација на Охридското Езеро како споменик на природа, Законот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион и други позитивни законски акти;

2. Бараме Општина Охрид да формира ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува со охридските плажи, ќе ги уреди во согласно со препораките на УНЕСКО и останатите законски прописи кои важат за регионов, бидејќи не смееме да дозволиме Охрид и Охридското Езеро да го изгубат статусот на заштитено културно и природно наследство поради лични интереси на поединци. На овој начин, сметаме дека придобивка од туристичката сезона ќе имаат сите граѓани на Охрид и пошироко, а не само претставници од таканаречената бизнис-елита;

3. Бараме поништување на конкурсот за уредување на плажите, кој заврши пред извесен период, поради тоа што истиот не може да се однесува на сите плажи;

4. Бараме распишување на нов конкурс за уредување на охридските плажи и тоа за секоја плажа поединечно, при што за истите бараме активно вклучување на ЈНУ ‘Хидробиолошки завод‘, со чија помош би се одредиле локациите врз кои стопанисувањето ќе има најмало негативно влијание на растителниот и животинскиот свет во езерото;

5. Бараме соодносот на слободниот пристап за граѓаните да биде 60-70% од површината на плажата во однос на комерцијалниот дел;

6. Бараме неколку плажи да бидат уредени на начин да може да бидат престижни плажи со сино знаменце;

7. Бараме сите досега инволвирани во бизнисот со охридските плажи кои со години работеле без концесија и не плаќале никакви давачки кон општината, со што го оштетиле општинскиот и државниот буџет со големи суми, да бидат санкционирани;

8. Бараме одговорност за претходните градоначалници и инспекциски служби кои работеле спротивно на закон и ја злоупотребиле службената положба, со што им дозволиле за некои субјекти да остварат лична корист со работење без надоместок, односно без добиена концесија.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе