Левица: Ако не биде донесен законот, ќе продолжиме со кампањата за бојкот на пописот

Нашата кампања „Не отворам врата" ќе продолжи ако не биде донесен новиот закон за попис, соопшти денеска Левица.

„Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на пописен фалсификат. Фактот дека на лидерската средба беше одлучено да продолжи пописот во дијаспората, што патем е еден преседан во европската практика, јасно покажува дека обидот за фалсификат е само пролонгиран“, се вели во соопштението на Левица и се додава дека Македонија е единствената земја каде ќе се попишува дијаспората, каде граѓаните ќе се попишуваат само со матичен број и каде трети лица може да даваат лични податоци за друг поединец.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе