ЛДП избра нови потпретседатели

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на централниот одбор на Либерално демократската партија (ЛДП). Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислувај различно, либерално кон Европа“.

Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата. На седницата беа присутни петстотини делегати во партијата кои гласаа и дискутираа за понатамошните активности на ЛДП.
„Сите размислуваме различно, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа“, вели Зајкова.
Таа е магистер на правни науки од областа на граѓанско право со просек 10. Во моментот е посебен советник за прашања од областа на регионалниот развој во кабинетот на министерот за локална самоуправа.
„Секое семејство треба да размислува поинаку, да создава и негува европски вредности. Институциите и компаниите да ја продлабочат соработката од која корист ќе имаат сите граѓани“, додаде Зоран Шапуриќ, старо-новиот потпретседател на партијата.
Тој дипломирал на Правниот факултет, магистрирал и докторирал на УКИМ, стекнувајќи звање доктор по политичко–правни науки. Има положено правосуден и нотарски испит, доцент е, вонреден и редовен професор на универзитетот Американ колеџ во Скопје.
„На земјата ѝ се потребни млади кои ќе бидат активни и бизнис ориентирани, млади кои ќе размислуваат поинаку, своето знаење и претприемачки дух ќе го претопат во бизнис. Со такви млади ќе се отворат европските пазари и ќе покажеме дека ние сме подготвени да бидеме дел од Европа. За сето ова потребна е и поддршка од државата“, вели Игор Вељаноски, потпреседател на ЛДП.
Тој работи како помошник директор за оперативни работи во ЈП „Паркови и зеленило”, магистрант по деловно право, а претходно своето искуство го стекнал во приватниот бизнис сектор. Вељановски е дипломиран социјален работник, бил член на Советот на општина Кисела Вода, а сега е член на Советот на град Скопје.
„Потребна ни е сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креаираме транспарентни политики, во духот на либералната демократија“, се изјасни потпреседателката Јулиана Николова.
Таа е пратеник, дипломиран професор по информатика, член на Комисија за европски прашања, Комисија за образование, наука и спорт, заменик - член во Комисија за надворешна политика, Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател на пратеничка група на Собранието за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член на пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија...
 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе