Реакција

Лазаров: Институциите да ги проверат сите индиции и за НИКОБ и за ВМРО-ДПМНЕ

Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности и ги повикувам институциите да ги расчистат сите дилеми. Без разлика дали тоа се вработени во НИКОБ или во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, институциите да пристапат кон активности кои овој период се актуелни во јавноста и да ги проверат индициите дека во одредени општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се врши класичен рекет. Исто така, институциите да преземат мерки по допрен глас каде што еден скопски градоначалник обвини за рекет на стопанственици, вели во реакцијата Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ групацијата.

„Ги отфрлам сите обиди на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, да направи приказна и еквиваленција на луѓе кои сториле кривично дело и компанијата НИКОБ. Кој се погрешил пред законот нека си одговара и никој не смее и не може да биде заштитен без разлика каде остварувал работен ангажман. На, пример не е важно дали си бил раководител, генерален секретар во Влада или во ВМРО-ДПМНЕ, принципот нека биде ист за секого и за секоја функција.

Малициозен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ постојано да го нарушува угледот на компанијата НИКОБ која постои повеќе од 25 години и е најголем работодавец со домашен капитал во Македонија.

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да има исти пристап и принципи кон сите оние кои го прекршиле законот, вклучувајќи ги и нивните бројни високо позиционирани партиски членови кои се осомничени и обвинети за криминал.

Како компанија имаме добиено тендери кои се јавно објавени по сите законски прописи, но никогаш не по принципот на омилената агенција на ВМРО-ДПМНЕ, во која се увери цела јавност од т.н. бомби дека вистинските сопственици беа директори на служби и земаа тендери по мобилен телефон.

Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го посети легалното седиште на компанијата НИКОБ, кое е во наша сопственост и е дом на многу вработени семејства, купено на кредит со капитал кој е јавно објавен и никогаш не бил осомничен од која било институција. Нашето седиште не е во процес на одземање заради криминали од милионски размери, и секако не е дувло на криминални шеми“, вели Лазаров.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе