СДСМ

Лазаревска: УНЕСКО ги препозна мерките на Владата за заштита на охридскиот регион

Заложбите на парламентарното мнозинство, на Владата, на единиците на локалната самоуправа и на надлежните институции за заштита на светското наследство на охридскиот регион, се препознаени и соодветно валоризирани. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со консензус донесе одлука природното и културното наследство на нашиот охридски регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, изјави денеска Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„Со оваа одлука Комитетот го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија во насока на зачувување на исклучителната универзална вредност на охридскиот регион. Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на охридскиот регион, но и силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство.

Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици, но со максимална ангажираност и посветеност заеднички ќе ги надминеме. Како што најави и Владата, во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на планот за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции.

СДСМ преку владата и инистуциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на охридскиот регион, но и на унапредување на квалитетот на живот на сите граѓаните кои живеат во овој регион кој е препознаен и признат како светско наследство“, изјави Лазаревска.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе