СДСМ

Лазаревска: Ќе вработиме 500 образовни асистенти, обезбедуваме вклученост во наставата на децата со попреченост

Градиме фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава. Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава. За таа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“.

Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството. Инвестираме во иднината, продолжуваме да го менуваме образованието кон подобро“, изјави Лазаревска.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе