СДСМ

Кузеска: Црни пари од Унгарија за уривање на Преспанскиот договор преку ТВ Алфа, Курир, Лидер, Нетпрес...

 Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми,  дека извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски со црни пари финансира партиски мегафони со цел да шират антидржавна медиумска кампања - кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО, изјави Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ.

„Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации. Факт е дека тоа се истите медиуми кои режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт. Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во која осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести. Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

Потсетуваме, според истражувањето,  црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.

Ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво“, рече Кузевска.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе