Криминалци шетаат слободно, Маричиќ да поднесе оставка, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Маричиќ да си поднесе оставка што познати криминалци се на слобода. За каква реформа во судството зборува министерот Бојан Маричиќ кога СДСМ е власт 5 години, а во тие 5 години нема криминалец кој не им избега. Дури 215 светски криминалци добија пасоши со лажен идентитет, луѓе бегаат од затвор, нема криминалец кој не е во сојузништво со власта“, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека командирот на полициската станица во Прилеп „кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви“.

„Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани. На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како 'Планина'. Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици. Власта е буквално недопрена. Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот.“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе