ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки до Филипче: Дали бевте предупреден да не се става ПУР пена во болница, но сепак тргнавте по брзи пари?

Според сознанијата со кои располагам, се чини дека фингерајката околу оставката поради морални причини од страна на министерот Венко Филипче ќе биде неговата најмала грижа. Многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи поминаа точно 10 дена од страдањата и пожарот во болницата во Тетово, а до сега не видовме никаква, ама буквално никаква реакција од обвинителството освен празни ветувања дека истрагата е во тек, денеска јавно ќе поставиме прашање до министерот Филипче: дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, дали на состанокот настанала караница по што лицето што Ве предупредило за панелите, било избркано од состанокот?

Или да го преформулирам прашањето: дали министре знаевте, но сепак свесно тргнавте по брзите пари? Одговорете кратко и јасно со да или не. Во меѓувреме ОЈО нека дреме, истрагата ние ќе ви ја водиме“, изјави Ковачки.

 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе