СДСМ

Костадинов: Нервозата во белиот дворец е сѐ поголема, предметите на СЈО не пропаднаа

Единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски е да нема правда, да се спасат од одговорност криминалците и тајкуните од редовите на опозициската партија. Не успеа нивниот обид да пропаднат предметите на СЈО и оттука, нервозата во белиот дворец е сѐ поголема, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да изградиме силна и независна правна држава и тоа го обезбедуваме. Затоа не отстапивме од принципот предметите на СЈО да продолжат, да не ја изгубат иднината, да има одговорност. СДСМ сака нормален политички дијалог со опозицијата за сите стратешки прашања. Ние сакаме да обезбедиме принципиелен договор со опозицијата за да се изгласа Законот за ЈО. Нашиот став е јасен и принципиелен, одговорност мора да има за секој, без разлика на партиска или каква било припадност, но одговорност мора да има и за тајкуните и за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Правда и одговорност мора ќе има.  Тоа е важно за државата, за граѓаните, секако и за интеграцијата во Европската Унија“, изјави Костадинов.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе