Непотизам

Костадинов: Мајката Илиеска работи во кабинетот на Иванов, а ќерката Илиеска во Агенција за разузнавање

Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам. Кабинетот на Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов. Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.

Станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси. Освен нејзината ќерка, во државна институција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, поточно во Централен регистар во Прилеп“, изјави Костадинов.

Тој го повика Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиеска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизмот.

Костадинов, исто така се обрати и до Христијан Мицкоски и му порача да не чека, да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор. Да ја повика членката на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Иванов, Анастасија Илиеска, нека ги повлече своите роднини од државниот сектор.

„Ајде да го пресечеме јазолот на непотизам создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт. СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизацијата. Веќе се случија и повлекувања на вработени роднини на функционери. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“, рече Костадинов и најави дека претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата за овој, но и се сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе