СДСМ

Костадинов: До крајот на 2020 500 евра просечна плата

Растот на платите продолжува, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Зголемени се платите за 5 отсто за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10 отсто на лекарите специјалисти. Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати, изјави Коста Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Од април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари. Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300 отсто. Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4,5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година. 
Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари. Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања. Зборот е збор, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните.
Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој.
Како одговорна партија остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, подобро платени и повисок животен стандард за сите граѓани на Република Северна Македонија“, рече Костадинов. 
 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе