Клековски: СДСМ моментално бојкотира, ВМРО-ДПМНЕ само блокира

Најавената активна блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е бојкот. А, СДСМ моментално бојкотира, ВМРО-ДПМНЕ само блокира и има разлика во тоа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одат на работа и работат многу повеќе од пратениците на власта. Премиерот Ковачевски вика ќе најдеме начин како Собранието да работи. Јас знам како ќе се најдат начини и на кои начини тој мисли, тоа е да се заобиколува Собранието, кое и вака веќе е маргализирано уште повеќе ќе се маргализира. Ќе се ставаат европски знаменца кај се стигне, ќе се закажуваат седници во 23 часот, ќе се закажуваат 100 комисии истовремено, пратениците на опозицијата за да не можат да стигнат. Веќе тоа е видено од страна на СДСМ, изјави Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на ТВ Телма.

Клековски посочи дека самиот предлог на Мицкоски за лидерска средба со Ковачевски покрај разговорот за предвремени избори се понуди и соработка во подрачјата на економија, енергетика, здравство, и уште едно две подрачја.

„Ескалацијата во Собранието беше неопходна и првата жртва на ескалацијата во Собранието е автентичното толкување на законот за игри на среќа. Во тој закон ДУИ инсистира да помине автентично толкување кое ќе овозможи формирање на втора лотарија. Така СДСМ кога ќе говори што се блокира, нека не кажува лаги, нека ја каже вистината", појасни Клековски.

Тој додаде дека е доста загрижен што власта не е отворена за дијалог со опозицијата. Тој дури укажа дека потребна е рамка за редовна комуникација помеѓу власта и опозицијата.

„За енергетската криза кога ВМРО-ДПМНЕ даваше решенија веднаш се одбија од страна на власта. ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција предложи решенија за пребродување на енергетската криза, а за еден час подоцна излегува портпаролот на СДСМ и веднаш ги одбива решенијата и ги фрла во ѓубре и започнува со клевети. Еве со такво однесување и водење на државата од страна на власта стигнавме до тука каде што сме денес", појасни Клековски.

Клековски во текот на гостување во емисијата посочи и пример со предлогот за изградба на клиничкиот центар. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да се задолжува 500 милиони евра за изградба на клинички центар, кога во Белград и Ниш се изградија два клинички центра з а250 милиони евра.

„Предлогот за нов клинички центар на ВМРО-ДПМНЕ беше 80 милиони евра, а предлогот на СДСМ чини 500 милиони евра. А, во Белград и во Ниш се направија клинички центри за 250 милиони евра. Нормално дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира предлогот на СДСМ, не е проблем локацијата, проблем поголем е сумата на пари. Проблемот е што поради СДСМ државата требаше да се задолжи за 500 милиони евра, а во момент кога има поефикасни и поевтини решенија", потсети Клековски.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе