„Тоа го покажа и пред некој ден кога самиот потврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов. Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата. Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.
Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Сѐ што досега постигнавме ќе го загубиме.
Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб. Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи.
Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози“, изјави Каевски.