Кадровски промени во комисиите на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница, по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избра членови и претседатели на повеќе комисии.

За претседател на комисијата за надворешни работи е избрана Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30-тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.

За претседател на комисијата за здравство е избран Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет - Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар - Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и селектор за драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.

За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ  од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ  во минатото.

За претседател на комисијата за спорт е избран Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на  РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.

На седницата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ  нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт  и потребно е нивно итно заминување.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе