ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Заев е подготвен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја

Зоран Заев остана сам во своите ставови и барања како политичар со намера да жртвува човечки животи, за да си ја продолжи партиската кариера. Зоран Заев е исплашен човек кој што знае дека губи. Обземен од страв, Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза. Заев е подгитвен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја, изјави денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Играше ол ин со државата, играше ол ин со достоинството, сега сака да игра ол ин со животите на луѓето. Заев бара избори во време на полициски час, бара избори додека границите се затворени, бара избори при десетици дневно новозаболени, бара избори при затворени фабрики и погони, бара избори без прочистен избирачки список, бара избори без протоколи за однесување. Заев бара избори, бидејќи се грижи единствено за себе.

Ниту еден од условите за одржување на кредибилни избори не се исполнети. Заев не ги почитува ниту мислењата од ДИК, ниту од меѓународните набљудувачки мисии, ниту ги почитува релевантните медицински препораки. Без анализа и без реални параметри колку изборниот процес ќе предизвика нови жртви, нови заболени, без грижа за директно вклучените, гласачи, кандидати, членови на избирачки одбори, набљудувачи и итн.

Избори во јуни нема да има. ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните. Изборите ќе се случат кога ќе се намали односно ќе се нормализира здравствената криза, кога ќе се извршат вистински тестирања кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени. Ќе има избори кога нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Сите релевантни здравствени показатели велат дека тоа ќе се случи кон крајот на летото. ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на изборите. Но не по секоја цена, не по цена на ширење на заразата, не по цена на здравјето, и не по цена на вашите животи“, реагираше Јанушев на денешната изјава на претседателот на СДСМ.

За дилемите околу уставните одредби и веќе почнатиот изборен процес пред почнувањето на вонредната состојба, Јанушев рече дека 60 дневниот рок за одржување на изборите од распуштањето на Собранието истече бидејќи Собранието дефакто се распушти на 16 февруари.

„Се наоѓаме во една ситуација која поради вонредната состојба, поради криза со коронавирусот едноставно и поинаку не можеме да постапуваме. Со денот на стапување во сила на владината уредба се прекинуваат сите изборни дејства за спроведување на изборите. И тука треба да правиме битна разлика помеѓу изборните дејства, како активности од изборните пропишани со Устав закони, подзакони акти, рокови. Дотолку повеќе што било што е пропишано во Уставот не може да се менува, одложува, прекинува, стопира, паузира со акт што е од пониска вредност од Уставот, односно со законска уредба, со подзаконски акт... Но, уште еднаш ќе повторам, да точно е тоа дека 60 дена се изминати. Од друга страна Владата не може со уредба со законска сила да го пропише денот на изборите бидејќи согласно став 1 од член 12 од Изборниот законик јасное пропишано дека претседателот на Собранието е единствениот кој го пропишува, односно определува датумот за изборите. Она што е битно е  дека дури по поминување на вонредната состојба претседателот на Собранието треба да донесе измена и дополнување или ново решение каде ќе се определи новиот датум на избори кој и да е тој и дури потоа тоа се доставува до Државната изборна комисија. Тогаш ДИК врз основа на роковите точно и прецизно утврдени во Изборниот законик изготвува нов роковник што всушност и е предвидено со самата уредба во еден дел што ја донесе Владата. Имено во членот 5 е наведено дека спроведувањето на изборните дејства ќе продолжат од денот на претстанокот на вонредната состојба. Токму затоа за да се утврди новиот датум за избори, а бидејќи единствен кој тоа може да го направи е претседателот на Собранието, треба да донесе решение со кое што ќе го утврди. А впрочем од самата уредба во членот 6 понатаму вели дека  се задолжува ДИК во рок од еден ден од денот на престанокот на вонредната состојба, значи од кога ќе се случи ова дејство, ќе донесе нов роковник согласно законските рокови предвидени во Изборниот законик. Значи за 22 дена е практично невозможно и спротивно на Изборен закон да се организираат изборите. Она што го прават СДСМ и Зоран Заев е тотално несериозно да не речам дури и шарлатански“, вели Јанушев.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе