ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Неприродниот раст на власта во вториот круг е резултат на пазар, притисоци и уцени

Новата реалност покажува дека власта нема простор за радост. Нивниот пад започна. ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија со најголема доверба кај народот. Граѓаните покажаа дека бараат промени. Удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта. Македонија гласаше против криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, изјави денеска Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ за конечниот исход на претседателските избори.

Според Јанушев, Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. „Да беа ова локални  избори сега ќе имавме 42 градоначалници, да беа парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број на мандати и ќе беше новиот мандатар.

Фактите говорат и дека  ВМРО-ДПМНЕ во услови на притисоци, закани и уцени вчера освои 60.000 гласови повеќе отколку во првиот круг. Значи ја зголемивме својата поддршка. Или вкупно ВМРО-ДПМНЕ тежи 380.000 илјади гласа. Односно 42.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2017 година. За нас како партија ова е огромна одговорност“, рече Јанушев.

Партијата пресметала дека во Битола биле освоени 3.620 гласа повеќе од првиот круг, 2.980 гласа повеќе од првиот круг во Прилеп, 1.900 во Охрид, 2.000 во Штип, 2.800 во  Велес, 2.500 во Кисела Вода, 3.000 во Аеродром, 2.400 во Гази Баба, 1.200 во Бутел, 2.000 во Ѓорче Петров, 2.000 повеќе во Карпош и 1.600 повеќе во Центар.

„Овие бројки покажуваат дека граѓаните ја  препознаа алтернативата на криминалот, корупцијата и непотизмот, која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова. Граѓаните бараат право и правдина.

Неприродниот раст на власта во гласови помеѓу првиот и вториот круг од изборите, не е последица на откровението на метлата на Заев, ниту вербата дека нешто ќе подобри, туку едноставно резултат на пазар, на притисоци, уцени и закани. Сега апсолутната власт значи и апсолутна одговорност за сите неуспеси на власта. Власта ги злоупотреби институциите, особено полицијата“, изјави Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе поднесе приговори до  ДИК и кривични пријави за организирано носење на луѓе на гласање, за групно гласање, агитирање, поткуп и други нелегални дејствија.

Јанушев, какоо претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата им се заблагодари на сите кои беа дел од штабот, и на претседателите на општинските комитети, на целокупниот тим на секретаријатот кој го даде својот максимум, на целокупната партиска структура. „Покажавме дека сме од тврд материјал, од најтврдиот, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е фактор кај народот и најсилната партија во Република Македонија. Вие сте хероите на овој факт, и луѓе кои донесоа одлични резултати во едно тешко време на притисоци, закани и обележувања. Ќе продолжиме таму каде што застанавме вчера, имаме простор за многу работа, за мотивирање на луѓе и дополнително растење. Главата горе, продолжуваме, уште посилно. Да ја оправдаме довербата на оние кои ни ја дадоа и да ја добиеме на оние кои се колебаа“, рече на крајот Јанушев.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе