ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Итно проширување на истрагата за „Рекет“, и за извршителите и за нарачателите

Реформи во правосудството со аболициран криминалец нити имало, нити ќе има. Заев нема кредибилитет да зборува за правда. Заев е коренот на неправдата. Потребни се итни реформи, а тоа со Зоран Заев не е можно. Затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори и обвинителство кое ќе биде  вистински независно, изјави денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешното обраќање на премиерот Зоран Заев.

„Не постои поголем апсурд од тоа човекот кој го спасија од одговорност за криминалот во „Глобал“ тежок 7 милиони евра да повикува на правда еднаква за сите. Не постои поголем апсурд за реформи да говори аболицираниот Заев кој бараше едно евро за Вице. Неговите судии не успеаја да го видат криминалот кој го виде целата јавност, а сега треба да веруваме дека тие треба да делат неселективна правда и да се однесуваат професионално.

Рускоска обвинителството и Кацарска судството се сѐ, само независни не. Виновник за тоа е директно Заев – човекот кој го компримитираше правосудството, кое за возврат го амнестираше за сите криминали.

ВМРО-ДПМНЕ е за независно обвинителство кое ќе работи согласно закон и ќе го гони криминалот, без разлика на партиската, етничката или која било друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ е за обвинителство кое ќе се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.

За разлика од нас, СДСМ е за обвинителство кое ќе биде маша во нивните раце за политички прогон. СДСМ и Заев наместо да бидат конструктивни во изминатиов период ги опструираат преговорите.

Инатењето на Заев околу предлог решенијата за Јавното обвинителство има три цели.

Прво, да ја опструира правдата на долг рок, штитејќи ја мафијата и криминалот, при што за себе и соработниците ќе си обезбеди неказнивост. Ова го планира преку креирањето на неуставни и нефункционални решенија.

Понатаму, да си ја згрижи Катица Јанева и нејзините соработници и покрај сомнежите за тежок криминал, злоупотреби и целосно нарушен кредибилитет. Ова само заради информациите кои Катица Јанева ги поседува против него, а кои може да го одведат зад решетки.

Исто така, за да продолжи врши дополнителни притисоци врз опозицијата на долг рок, како би добил во време за да ја продолжи безмилосната кражба на Република Македонија“, рече Јанушев.

Тој побара итно проширување  на истрагата за случајот „Рекет“, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени.

„Сведоци сме на најголемиот рекет систем во независна Македонија. Секој ден се јавуваат жртвите на рекетарите на власта, систем кој опстојува две години и во кој се рекетирани милионски суми не може да постои и функционира без за  него да знае врхушката на власта.

Експертите од правната фела се децидни, да беше некој друг на местото на  Јанева, до сега ќе беше во притвор. Да  стануваше збор за правна држава, уште првиот ден ќе имаше оставки на министрите за правда и за внатрешни работи, а во најкраток рок ќе следуваше оставка и на владата и ќе беа распишани предвремени парламентарни избори“, рече Јанушев.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе