Реакција

Јанушев: Дали Кичеец е заштитен сведок на СЈО за „Империја“?

Дали Зоран Милески-Кичеец е заштитениот сведок на Специјалното јавно обвинителство случајот „Империја", прашува ВМРО-ДПМНЕ. Милески е во притвор за случајот „Рекет".

„Јавно прашуваме дали е ова точно? Дали на човекот кој е осомничен за рекет, од страна на СЈО му бил доделен статус на заштитен сведок? Доколку е така, тоа е потврда на бесрамниот мафијашки пристап на оваа власт која бескрупулозно ги злоупотребува институциите за лично богатење и вршење на политички притисоци и уцени на сите кои мислат поинаку од Зоран Заев“, изјави денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО лани во ноември го отвори случајот „Империја“, во кој осоменичени се 13лица, меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев и поранашениот шеф на УБК, Сашо Мијалков, заедно со Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Цветан Панделески, Владислав Стајковиќ... за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Кичеец беше познат како човек близок до Сашо Мијалков, а претходно бил дел од обезбедувањето во СДСМ. Милески од 2006 година се зближува и со Дејан Митрески – Урко, од обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски.

Камчев и Кичеец биле блиски до 2013 година, до инцидентот во кафулето „Интермецо“ во Скопје.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе