Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Јанчев да каже кои се опструкциите на Мицкоски, а која е неговата и „конструктивноста” на Тодоров

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци соопшти дека се оградува од изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и најостро ги осудува неговите активности во делот на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени и за спроведување на штетниот, капитулански и асиметричен договор со нашиот јужен сосед.

„ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги почитува одлуките на партиските органи и нивниот јасно изразен став за неменување на Уставот со цел промена на уставното име. Истовремено го потсетуваме градоначалникот дека тој мора да ја почитува волјата на мнозинството граѓани, кои недвосмислено на 30 септември го искажаа својот став и застанаа против промена на Уставот, а со тоа и промена на уставното име. ОК на ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува претседателот Христијан Мицкоски во неговите напори за евроатланска интеграција на Македонија и влез во овие структури под уставното име.

Го повикуваме градоначалникот Јанчев утре да се приклучи на протестот, заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него, кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ”, се вели во соопштението.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци јавно го прашуваат градоначалникот, кои се опструкциите што ги прави Мицкоски и во која насока е неговата „конструктивност“ заедно со поранешниот министер Никола Тодоров. 

„Доколку се повикувате на транспарентност во носењето на уставните амандмани, од каде ви е потребата да се договарате со фамилијата Заеви во хотел, далеку од очите на јавноста?

И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ”, се додава во соопштението и се најавува темелна анализа, како и соодветни соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе