Итна истрага за нападот врз демонстрантите кај „Скендербег“, бара Демократски сојуз

„Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бара брза реакција на службите за безбедност и полицијата. Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици,меѓу другото и на меѓуетнички план“, реагира партијата и  инсистира на истрага со цел да се откријат организаторите на нападот со камења, столици и друго, но и каде најмалку две лица користеа огнено оружје.

„Протестите се демократско право на искажување на став и револт, но насилството и нападите врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести,секогаш има поединци,но и организирани групи, кои смислено прават инциденти. Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство,а кога нема формален организатор,партиите незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели. Демократскиот сојуз докрај ќе ги штити националните и стратегиските интереси на Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе