ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев: Хеликоптерска единица за испумпување пари од буџетот

Една ваква сериозна работа каде што треба да опфати набавка на хеликоптери и давање на услуги на итна медицинска помош и за потрага и спасување да биде изработена од апсолутно и тотално нестручни лица како што се машински инженери, притоа каде што не се дефинирани буквално ниту едни услови, без разлика дали е тоа за формирање на самата компанија, кој какви услуги ќе дава, кои се обврските на државата, кои се условите на приватниот партнер, како ќе оди наплатата и плаќањето, кој ќе оперира со воздухопловството и слично, е една голема небулоза и огромна непрофесионалност од страна на Владата, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ по последните официјални информации за тендерот за хеликоптерската единица која ќе дава медицинска помош.

„Дали во целата оваа постапка при изработка на оваа студија и при водење на самата постапка се вклучени Министерството за внатрешни работи? Дали останатите релевантни институции од кои имаме сериозни индиции и сознанија дека е планирано да се врши наплаќање, тоа се М-НАВ, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за државни патишта, но и приватниот концесионер на аеродромите  ТАВ? Делот за прелетите што е директен приход на М-НАВ и согласно правилата на Еуроконтрол истите не можат да се користат надвор од индустријата, а дотаму е небулозна ситуацијата што никако не може да се користи за приватни фирми и приватни цели. Дали Агенцијата за цивилно воздухопловство е консултирана за сето ова што се случува при М-НАВ, бидејќи еден дел од надоместокот е планирано да биде од патничките билети на аеродромите каде што го вклучува интересот секако на концесионерот на аеродромите.

Имаме сериозни сознанија дека неколку документи од документацијата на приватниот партнер што била поднесена во самата постапка била нецелоснаа и истите се доставувале по истекот на роковите во самата постапка, но и некои од документите се издадени многу подоцна со подоцнежни рокови од тоа што требало во претходната постапка за времетраењето да го исполни приватниот партнер.

Зошто во постапката во која учествувале 9 лица, најмалку двајца одбиле да го потпишат извештајот од спроведената постапка и тие доставиле издвоени мислења бидејќи не се согласуваат со начинот како истата е водена.

Навистина не можам да ја разберам економската логика, па и логиката на водење на една ваква постапка за јавно приватно партнерство со ова што досега го знаеме и е кажано, бидејќи финансиска логика нема никаква.

Ова е уште еден класичен начин на владата во заминување да проба да испумпа  пари од државата“, рече Јанушев.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе