ИАБ Македонија до МИОА: Има и други регистри на медиуми

По објавата на Министерството за информаричко општество и администрација (МИОА) за тоа дека дозволи за работа на терен за онлајн-медиуми ќе добијат само оние од регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија, ИАБ Македонија известува дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси.

„Потписниците на кодексот на ИАБ (Interactive Advertising Bureau) Македонија се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.
Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони. Затоа, ве замолуваме да ја преиспитате вашата одлука и да се овозможи доделување на дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум. Однапред благодариме на вашето разбирање и позитивен одговор“, се вели во реакцијата на ИАБ Македонија. 
 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе