И СДСМ е за пропрционален изборен модел со отворени листи

Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчпо Николовски, кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

„Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки“, рече Николовски.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе